Вие имате прво да ја знаете вистината

Властите во Украина го објавија најновиот извештај за загубите на руската армија: Досега Русија во војната загубила повеќе од 27.000 војници!

Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека бројот на руски војници загинати во војната во Украина, војна која трае од 24. февруари, надмина бројка од 27.000.

Во соопштението за загубите на руската армија во периодот од 24. февруари до 14. мај се наведува дека руската армија во последните 24 часа загубила уште 300 војници.

Се наведува дека руската армија загубила вкупно 27.200 војници, а уништени се 200 авиони, 163 хеликоптери, 1.218 тенкови, 2.934 оклопни возила, 551 топ, 195 ракетни фрлачи и 88 системи за против-воздушна одбрана на Русите.

Во него се додава дека руските вооружени сили изгубиле 2.059 возила, 13 бродови и 411 беспилотни летала, а 95 крстаречки ракети лансирани од Русите биле погодени и уништени од украинските единици за воздушна одбрана.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!