Вие имате прво да ја знаете вистината

КРЕМЉ ИМ СЕ ЗАКАНУВА НА ФИНЦИТЕ: Ќе ве гаѓаме со Кинжали и ќе ве (и)збришеме за 10 секунди!? Финска поради Русија постои како држава

Заменик-претседателот на комитетот за одбрана на руската Дума Алексеј Журавлев и се закани на Финска.

Според таблоидот Дејли Мејл, рускиот функционер и порачал на Финска, која сака да влезе во НАТО, дека тие ќе бидат (и)збришани за десет секунди.

Ако Финска сака да се приклучи на овој блок, тогаш нашата цел е апсолутно легитимна – да го доведеме во прашање постоењето на оваа земја. Тоа е логично. Ако САД ја загрозат на нашата земја, тогаш е тоа добро: Еве го Сармат (ракетата Сатана-2) а од вас ќе останете нуклеарна пепел ако мислите дека Русија не треба да постои, наводно рекол Журавлев.

“А во Финска велат дека е едно со САД. Па, застанете во ред. Финците треба да и бидат благодарни на Русија за нејзината државност, за фактот дека Финска постои како држава”, рече тој, додавајќи дека Русија нема да има стратешко оружје на финската граница, туку Кинжали “кои ќе стигнат до Финска за 20 секунди или дури за 10 секунди”.

Војната во Украина започна, меѓу другото, затоа што Кремљ сакаше да го спречи ширењето на НАТО на исток. Финска е неутрална со години, но по инвазијата на Украина, тие одлучија дека сакаат да се приклучат на Алијансата.

Ако Русија нападне членка на НАТО, тоа може да доведе до директен конфликт со Северноатлантската алијанса и до светска војна.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!