Вие имате прво да ја знаете вистината

ГОЛЕМА ПАНИКА ВО СРБИЈА – Во 97 училишта низ Белград пристигнала заканувачка порака за бомбашки напади и закани до учениците и професорите: Еве како изгледал текстот на пораката!

Министерството за образование на Република Србија во понеделник соопшти дека во 97 основни и неколку средни училишта во Белград во раните утрински часови пристигнале дојави за бомби, објави телевизијата N1.

Српскиот весник Телеграф пишува дека пријавите биле испратени до училиштата по електронска пошта и дека во нив имало и заканувачка порака.

Чудно чувство на смиреност како да чекаме нормален ден, истата рутина како и секогаш. Се мразиме себеси, но сакаме да го повредиме секој што ќе ни се најде на патот. Чувството дека сè околу нас е само сон не не напушта. Не гледаме причина да пишуваме нешто друго. На крајот можеме да кажеме дека не сме први и далеку од последни. Ќе те убијат со автомобили, бомби, ножеви, се што ќе ни дојде при рака. Гомови како нас ќе уништат се околу нас, затоа што светот е скапан, сите сте скапани внатре“, пишувало во пораката напишана на кирилица и насловена – „Огромно количество експлозив поставено на територијата на училиштето“.

По извршената детална проверка од страна на МВР, било утврдено дека во голема мера се работи за лажни пријави.

Меѓу другото, пријавите пристигнале и во основните училишта „Старина Новак“, „Краљ Петар Други Караѓорѓевиќ“, „Владимир Роловиќ“, „Ѓура Јакшиќ“, „Данило Киш“, „Свети Сава“, „Дринка Павловиќ“, „Радомир Путник“, „Коста Абрашевиќ“ и „Караѓорѓе“.

Извештаите стигнаа и до неколку други белградски и Земунски училишта и Филолошката гимназија.

Учениците се вратени на настава, а во училиштата каде што се уште трае безбедносната проверка, учениците се пратени дома. По училишниот увид учениците ќе бидат вратени на настава“, велат од Министерството за образование на Србија.

N1 пишува дека учениците од Филолошката гимназија биле испратени дома.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!