Вие имате прво да ја знаете вистината

ГО УКРАДЕ “ШОУТО“ !? Ѓраѓаните на Велика Британија лути на Том Круз: “Неговиот филм не е важен, важна е нашата кралица!“

Бројни ѕвезди се приклучија на првиот од големите настани по повод 70-годишнината од владеењето на британската кралица Елизабета II овој викенд, од Демијан Луис и Хелен Мирен, Аџо Андох и Алан Тичмарш до Том Круз. Целиот настан од големиот коњички натпревар и изложба, од паркот замок Виндзор, го пренесуваше во живо ITV.

Ѕвезда на вечерта беше самата кралица, чие пристигнување во паркот го воодушеви сите во Велика Британија, каде многумина се загрижени за здравјето на 96-годишната Елизабета. Иако користеше бастун, таа изгледаше опуштено и весело и ја воодушеви нацијата.

Том Круз, кој го следеа голем број обожаватели низ целиот парк, успеа да налути многу Британци. Неговото доаѓање беше, се разбира, голема тајна. На самата церемонија тој беше еден од презентерите во рамките на изложбената програма и ја претстави артилеријата на Кралскиот коњ.

Круз беше меѓу првите што разговараше со Филип Шофилд и Џули Ечингам, кои го водеа преносот. Холивудската мегаѕвезда проговори за љубовта кон Велика Британија, а особено кон кралицата.

Но, на гледачите не им се допадна тоа што актерот зборуваше помалку за оваа тема, а повеќе за неговиот филм „Top Gun: Maverick“, кој доаѓа во кината кон крајот на овој месец. За многумина, притисокот се зголеми бидејќи Круз го користи моментот кога целата нација седи пред малите екрани и со нетрпение ја чека кралицата а тој тоа го користи да разговара за себе.

Дали мислите дека Том Круз ќе се појавеше овде за платинестиот јубилеј доколку немаше голем филм во подготовка ?“, прокоментирал еден гледач на социјалната мрежа Твитер.

Мислев дека тоа е јубилеј на кралицата, а не можност да се промовиа Том Круз“, прокоментирал друг револтиран гледач додека друг додадел: „Мислев дека сето ова е направено за нејзиното височество. Ајде, кој се грижи за Том Круз. Тој сака публицитет за себе и за неговите филмови“.

Том Круз им порача на домаќините дека му е чест што е дел од прославата на платинестиот јубилеј.

Се восхитувам на кралицата и нејзините историски достигнувања. Таа се сретна со претседатели, светски лидери, луѓе од сите сфери на животот. Се сеќавам дека како дете секогаш ги гледав нејзините фотографии“, изјавил актерот додавајќи: „Дојдов во Велика Британија и почнав да снимам филмови овде во 1982 година, работев овде бидејќи навистина ми се допаѓа тимот. Навистина ја ценам кралицата, па кога ме замолија да учествувам на оваа прослава, а јас веднаш реков да“.

Тој го раскажа и својот разговор со принцот Филип, сопругот на кралицата кој почина минатата година на 99-годишна возраст. Откри дека војводата му кажал дека тој е првиот што слетал во Бакингемската палата со хеликоптер.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!