Вие имате прво да ја знаете вистината

Ердоган: Нема потреба финската и шведска делегација да доаѓаат во Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека неговата земја нема да го поддржи влезот на Шведска и Финска во НАТО.

Шведскиот министер за надворешни работи денеска најави дека во Турција наскоро ќе пристигнат високи функционери од Хелсинки и Стокхолм за да разговараат со претставниците на таа земја за можните приговори за нивното членство во НАТО, пренесува државната агенција Анадолија.

Сепак, Едроган рече дека нема потреба дипломатите од тие земји да доаѓаат во Турција за да ги убедат тамошните власти да ги поддржат нивните напори да станат дел од НАТО.

„Прво, не би им кажале да на оние кои воведоа санкции кон Турција, за да станат членки на НАТО, која е безбедносна организација“, рече Ердоган.

Двете нордиски држави официјално потврдија дека ќе бараат членство во НАТО, што ќе ја прекине децениската надворешнополитичка позиција на неврзаност со историскиот потег што уследи по руската инвазија на Украина.

Турските власти минатата недела изјавија дека не го поддржуваат нивното членство во НАТО, обвинувајќи ги Шведска и Финска дека ги кријат курдските милитанти кои Анкара ги смета за терористи и обвинувајќи ги дека одбиваат да ги екстрадираат на турските власти оние кои Турција ги смета за терористи.

„Земјите кои го поддржуваат тероризмот не треба да бидат дел од НАТО“, рече Мевлут Чавушоглу, министер за надворешни работи на Турција.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!