Вие имате прво да ја знаете вистината

Завршена битката за вториот најголем град – Украинците во голем контранапад ги бркаат руските трупи, Киев разви опасен план за Белгород (мапа)

Украинците во голем контранапад.

Украинските сили ги спречија руските трупи да го опколат и заземат Харков. Украина веројатно ја доби битката кај Харков, вториот по големина град во земјата, објави во својата најнова анализа Институтот за проучување на војната.

Украинските сили ги спречија руските војници да го опсадат и заземат Харков, а потоа ги протераа од околината на градот, пишува Институтот.

– Руската армија најверојатно одлучила целосно да се повлече од своите позиции околу Харков, соочена со украинската контраофанзива и ограничена достапност на засилувања – се наведува во анализата.

Институтот пишува дека Украина сега најверојатно „ќе се обиде да ги наруши копнените комуникациски линии (GLOC) меѓу Белгород во Русија и руските сили концентрирани околу Изум.

Во меѓувреме, се наведува дека главните руски напори биле насочени кон опсадата на градовите Северодонецк и Лисичанск во Луганск.

– Руските трупи кои напаѓаат од Попасна на север не постигнаа значителен напредок во последните 24 часа. Руските сили кои доаѓаа од север кон југ не успеаја да ја преминат реката Доњец и претрпеа катастрофални загуби – се наведува во извештајот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!