Вие имате прво да ја знаете вистината

ЗАПЛАКА СТАТУА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА – Снимката кружи низ светот, верниците во неверување! (видео)

Хулио Цезар Зепеда Дијаз, музичар од Запопан, Мексико, пред неколку дена снимил момент кога пред него наводно „плачела“ статуа на Пресвета Богородица.

Сцената ја објавил на својот Фејсбук профил, а кадарот открил и како Дијаз ставил стаклена чаша под статуата на Богородица со желба да собере што повеќе од нејзините солзи кои се претвораат во некакво масло.

Дијаз документирал дека статуата плаче од 2015 година, додека споменатото масло го дели бесплатно на оние на кои им е потребно, бидејќи е убеден дека има чудотворна моќ и лекува разни физички и психички болести.

Posted by Julio Cesar Zepeda Diaz on Wednesday, May 11, 2022

Овој музичар е убеден дека пораката Божја е поврзана со настаните поврзани со човештвото, но тамошните црковни ингеренции не сакаат да прават медиумска драма од таа ситуација.

Згора на тоа, порталот SdpNoticias пренесува дека на Дијаз му е забрането да ја снима Богородица во иднина, барем не додека истрагата не открие што предизвикува нејзиното плачење и каков е составот на споменатата течност.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!