Вие имате прво да ја знаете вистината

ЗНАЕТЕ ЛИ КОЈ Е НАЈГОЛЕМИОТ ЕВРОВИЗИСКИ ГУБИТНИК !? Оваа земја најмногу досега била на дното на табелата а во историјата има победено три пати!

Популарното музичко натпреварување Евровизија заврши, а еуфоријата се уште се чувствува во воздухот ширум светот. Светските медиуми внимателно следеа што се случува во Торино и се обидуваат да откријат повеќе детали за популарното натпреварување оваа година.

Како што се вжештуваше атмосферата, многумина се сеќаваат на историјата на ова натпреварување, а на површина излегуваат приказни кои останале запаметени. Една од нив е приказната за најголемиот евровизиски губитник.

Имено, никој не сака да биде на последното место, Норвешка успеала да ја заземе таа позиција дури 11 пати. Оваа земја била на дното на табелата во 1963, 1969, 1974, 1976, 1978, 1981, 1990, 1997, 2001, 2004 и 2012 година, а ако се земе предвид дека досега има одржано 64 натпревари на Евровизија станува јасно дека Норвешка досега најмногу била последна.

Но, Норвешка не само што беше најлоша на натпреварите, туку дури и победи во три наврати. Тоа се 1985, 1995 и 2009 година.

Две години Велика Британија беше на дното на листата, а земји кои ја следат Норвешка по бројот на неуспешни натпреварувања се Данска и Австрија, и двете беа последни на листата дури по осум пати.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!