Вие имате прво да ја знаете вистината

На прес-конференција во Стокхолм, премиерката на Шведска најави: “ЌЕ ПОДНЕСЕМЕ БАРАЊЕ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО!“

Премиерката на Шведска, Магдалена Андерсон на прес-конференција во Стокхолм соопшти дека Шведска ќе поднесе барање за членство во НАТО и со тоа ќе остави долга историја на воена неутралност. 

Премиерката додаде дека е убедена дека за тоа има поддршка во шведското општество.

Андерсон, исто така, кажа дека Шведска ќе биде во ранлива позиција додека ја обработува нејзината апликација за НАТО. Таа исто така кажа дека луѓето можеби имаат поинакво мислење за влезот во НАТО, но дека сепак се грижат за Шведска.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!