Вие имате прво да ја знаете вистината

НОВ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – Фудбалерите на тимот од Олд Трафорд се затепале за време на тренинг: Медиумите од Велика Британија тврдат дека две ѕвезди се вниовни за инцидентот!

Шокантниот дебакл од Брајтон дополнително ги влоши односите во соблекувалната на славниот клуб на „црвените ѓаволи“.

Играчите и навивачите на Манчестер Јунајтед едвај чекаат да стават крај на очајната сезона.

Тимот од „Олд Трафорд“ на 22. мај ќе игра против Кристал Палас, последниот натпревар сезонава, со кој ќе се обиде барем да го спаси местото кое води во Лига Европа, а како што стојат работите нема да биде лесно бидејќи односите во тимот се катастрофални.

Медиумите од Велика Британија откриваат дека двајца фудбалери на Манчестер Јунајтед се степале на тренинг и дека клубот дал се од себе тоа да не биде јавно објавено.

Не се знае кои се тие, но се верува дека се две големи ѕвезди на тимот. Во текот на сезоната најнервозни беа Роналдо, Мекгваер, Де Хеа, Фернандеш и Погба.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!