Вие имате прво да ја знаете вистината

ОДМАЗДА НА КРЕМЉ !? Прекинат извозот на руска електрична енергија во Финска! Како Хелсинки ќе го надомести недостатокот !?

Рускиот извоз на електрична енергија во Финска беше прекинат во понеделникот, според податоците објавени од мрежниот оператор.

Руското комунално претпријатие РА РАО минатата недела објави дека ќе го запре извозот во Финска, велејќи дека земјата не плаќала за електрична енергија што се продава преку паневропската берза Норд Поул од 6. мај.

Испораките на руска електрична енергија за Финска паднаа од 87 мегавати на нула, покажуваат податоците на мрежниот оператор Фингрид, кој соопшти дека тоа може да го замени руското снабдување со шведска електрична енергија и да го зголеми домашното производство.

Тие додадоа дека прекинот на рускиот извоз се должи на ограничувањата на плаќањата наметнати од западните земји.

Поради овие ограничувања, руската струја повеќе не може да се плаќа. Затоа, суспензијата е последица наместо руска контрамерка“, се вели во соопштението.

Околу 10 отсто од потребната струја доаѓа во Финска од Русија.

Не е јасно дали потегот на Русија е поврзан со пристапот на Финска во НАТО.

Претседателот на ФинскаСаули Ниинисто во неделата потврди дека неговата земја официјално ќе поднесе барање за членство во НАТО.

Зборувајќи со претседателот во Хелсинки, финската премиерка Сана Марин кажа дека се надева оти парламентот ќе ја потврди одлуката за аплицирање за влез во НАТО во следните неколку дена.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!