Вие имате прво да ја знаете вистината

Османи од Брисел: “Состанокот на Советот за надворешни работи првпат во формат Б6 од корист за ЕУ и за регионот“ (видео)

Првиот човек на дипломатијата Бујар Османи денес на покана на високиот претставник на заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Жозеп Борел учествува на состанокот на Советот за надворешни работи во Брисел кој се одржува првпат заедно со министрите за надворешни работи во формат Б6.

Османи, заблагодарувајќи му се на Борел за поканата, изрази надеж дека се воспоставува нова практика која, вели, ќе биде од корист за двете страни, и за ЕУ и за Западниот Балкан, и оти со тоа се надополнува делот од сложувалката што недостасува за Европа да биде целосна.

Во контекст на руската агресија врз Украина, што ќе биде една од темите на состанокот, Османи нагласи дека Северна Македонија стопроцентно се усогласи со задничката надворешна политика на ЕУ.

Deklaratë para mbledhjes së Këshillit të Punëve të Jashtme të BE-së, në të cilën janë ftuar edhe Ministrat e Jashtëm në formatin B6

Posted by Bujar Osmani on Monday, May 16, 2022

Времето е важно да разговараме за нашата заедничка позиција во осудата на руската агресија врз Украина и покажаната солидарност кон Украина. Северна Македонија недвосмислено ја поддржува Украина и нејзиниот народ. Нашата надворешна безбедносна политика стопроценто ја усогласивме со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и мислам дека заедно сме послилни во осудата на руската агресија и солидарноста со Украина“, изјави министерот за надворешни работи Османи.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!