Вие имате прво да ја знаете вистината

Откриено кои се луѓето кои се камен на сопнување меѓу Ердоган и двете скандинавски држави: Поради тие 33 лица Турција не ги сака Шведска и Финска во НАТО

Двете нордиски земји одбија 19 барања, а пет оставија неодговорени.

Шведска и Финска не ја одобрија репатријацијата на 33 лица побарани од Турција поради наводни врски со групи кои ги смета за терористи , објавија денеска државните медиуми во време кога Анкара се противи на влезот на двете земји во НАТО.

Турција соопшти дека луѓето што ги бара имале врски со екстремистите на Курдистанската работничка партија (ПКК) или со муслиманскиот свештеник Фетулан Ѓулен , кога Анкара го обвинува за организирање на обидот за државен удар во 2016 година, објави Ројтерс.

Двете нордиски земји одбиле 19 барања, а пет оставиле неодговорени, јави ТРТ Абер, повикувајќи се на Министерството за правда и додавајќи дека девет барања се уште се во фаза на оценување.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!