Вие имате прво да ја знаете вистината

Подгответе се, утре е официјализирањето на најдобриот трансфер на сите времиња!

Тоа е тоа!

Конечната одлука на Килијан Мбапе и официјално ќе биде објавена утре!

Оваа вест ја потврди најсигурниот мадридски новинар Марио Кортехана, што би значело следново: утре ќе биде објавено дека Килијан Мбапе ќе потпише за Реал Мадрид.

По Кортехана, зборуваше и Фабрицио Романо, кој додаде дека во вторник ќе се водат клучни преговори во кои ќе бидат вклучени членовите на семејството на Мбапе и адвокатите.

Тој додаде дека официјалната одлука ќе биде објавена наскоро, а утре ќе биде направен клучен чекор и дека во Мадрид има оптимисти дека Мбапе ќе објави дека ќе премине во Реал.

Познати се бројките – 0 евра за обештетување, но и 100 милиони бонуси за потпис, што од аспект на Реал доаѓа до истото, но од аспект на Пари Сен Жермен – катастрофално, бидејќи нема да заработат било што.

И токму поради тоа, кој може да каже дека „бесплатниот“ трансфер на Килијан Мбапе, во кој играчот го остварува сонот и попатно заработува чисти 100 милиони евра, не е најдобрата работа досега?!

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!