Вие имате прво да ја знаете вистината

Поранешен британски шпион кој што работел во Москва тврди: “Имам инсајдерски информации, ПУТИН НЕ Е ДОБАР, ситуацијата е СЕРИОЗНА!“

Поранешен британски шпион кој пишувал за аферите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп со Русија, изјавил дека од сигурни извори дознал дека рускиот претседател Владимир Путин е тешко болен, пишува Business Insider.

Кристофер Стил, кој со години го водеше одделот на британската тајна разузнавачка служба, т.н. МИ6, одговорна за Русија и британски шпион во Москва со години, изјави за Sky News: „Со оглед на она што го слушнавме од извори во Русија и на други места, Владимир Путин е навистина многу сериозно болен“.

Веќе подолго време кружат гласини за здравјето на 69-годишниот руски претседател. Во саботата, началникот на украинската воена разузнавачка служба, генерал-мајор Кирило Буданов, изјави за Sky News дека – „Владимир Путин е во многу лоша психичка и физичка состојба и многу болен“.

Буданов продолжи да сугерира дека наводната болест на Владимир Путин во Русија поттикнала планови за државен удар.

Владимир Путин

Кристофер Стил кажа дека здравјето на Владимир Путин е „важен елемент“ во донесувањето одлуки за Украина.

Не е сосема јасно што е болеста – дали е нешто неизлечиво или терминално или што и да е. Но, тоа секако е дел од равенката“, изјави тој.

Наводите доаѓаат неколку дена откако магазинот New Lines ги објави тврдењата на неименуван руски олигарх кој кажа дека – „Владимир Путин е многу болен и има рак на крвта“. 

New Lines го потврдија идентитетот на олигархот, но не можеа да ја потврдат автентичноста на аудио снимката.

Невозможно е да се потврдат гласините за здравјето на Владимир Путин и голем број болести од кои тој наводно боледува. Рускиот истражувачки медиум Project во април напиша дека рускиот претседател неодамна бил десетици пати посетен од специјалист за рак на тироидната жлезда.

Кристофер Стил

Во меѓувреме, поранешниот агент на КГББорис Карпичков, изјави за The Sun, без да наведе извор, дека има „сериозна загриженост“ дека Владимир Путин, меѓу другото, боледувал од Паркинсонова болест и деменција.

Написот на The Sun се основа со недели на шпекулации од различни таблоиди за надуеното лице на Владимир Путин и фотографии од состанокот со министерот за одбрана Сергеј Шојгу, за време на кој тој се држеше за масата.

Инаку, Стил е автор на разузнавачко досие за Доналд Трамп, во кое има наводи за постоење руски видеа во кои Трамп бил снимен во различни непристојни ситуации пред да се фрли во политиката.

Но, не е пронајден доказ дека такви видео снимки постојат, а кредибилитетот на другите аспекти од неговиот извештај е доведен во прашање, пишува CNN.

Стил работел во Москва како шпион под дипломатско покривање во 1990-тите години три години, а помеѓу 2006 и 2009 година бил началник на рускиот оддел на МИ6.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!