Вие имате прво да ја знаете вистината

Премиерот Ковачевски тврди: “Ние сме единствената земја во Европа што има министерство за помалите етнички заедници“

„Ние сме држава што го има поставено прашањето на правата на помалите етнички заедници на исклучително високо ниво и сме единствената земја во Европа што има министерство за помалите етнички заедници“, изјави денес премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање дали Владата размислувате за формирање институција која ќе работи за правата на Бугарите како што побара неговиот бугарски колега Петков.

Според Ковачевски, единствено ние во Европа имаме законски решенија со кои се унапредуваат правата на помалите заедници во секој смисол – од користење јазици, преку еднаков пристап до вработување во јавниот сектор, до најразличните владини програми во рамки на Буџетот, како и преку другите институции што се формирани.

Премиерот потенцира дека во оваа држава сите граѓани имаат еднакви шанси за личен и професионален развој.

Ние исто така имаме Канцеларија на омбудсманот која се грижи за правата на сите граѓани, вклучително и на бугарското малцинство, односно граѓаните што се самоопределуваат како граѓани во државата, така што нормално дека доколку некој е загрозен дека може низ тие институции тоа да го направи, а секако капацитетот на институциите може во секое време да биде зголемен и добро е да се зголемува капацитетот на институциите бидејќи сите граѓани во оваа држава, ние и во владината програма сме ставиле и нашиот Устав тоа го предвидува дека за сите граѓани оваа држава е место каде што сите имаат еднакви шанси како за личниот, така и за професионалниот развој“, нагласи Ковачевски пред обраќањето на панелот организиран во рамки настанот „Социополитичко учество на младите”. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!