Вие имате прво да ја знаете вистината

Премиерот на Франција поднесе оставка, Макрон: “Потребен ми е некој кој ќе биде ангажиран во зелените и социјалните политики!“

Премиерот на Франција, Жан Катекс поднесе оставка од претседателот Емануел Макрон, соопшти во понеделникот кабинетот на премиерот.

Потегот на Кастекс го отвори патот за долгоочекуваната реконструкција на владата. Макрон по неговиот реизбор во април кажа дека неговиот нов тим треба да биде „поконцентриран“, со помалку министри.

Макрон, кој треба да испрати сигнал дека слушнал фрустрации на гласачите изразени со слаб одѕив и силна поддршка за радикалната крајна десница и екстремна левица, кажа дека премиерот треба да биде некој кој се занимава со зелени и социјални политики.

Неговите сојузници рекоа дека најверојатно ќе назначат жена, прва по Едит Кресон која накратко ја зазеде таа водечка позиција под социјалистичкиот претседател Франсоа Митеран во раните 1990-ти години.

Ова би можело да му помогне да се спротивстави на крајно левиот ветеран Жан-Лук Меланшон, кој освои високо трето место на претседателските избори, што ќе му овозможи да состави широка коалиција на француските левичарски партии на парламентарните избори на 12-19 јуни.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!