Вие имате прво да ја знаете вистината

“ПРЕСТАНЕТЕ ДА ИСПРАЌАТЕ БРОДОВИ И АВИОНИ!“ – Кина упати итно предупредување до најмоќните запади земји! Пекинг испрати и порака до Финска и НАТО

Пекинг ги повикува земјите од Г7 да се фокусираат на мирот и да престанат со воведување, како што е наведено, незаконски санкции и предизвикување обоени револуции во други земји, соопшти денес портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина, Жао Лиџијан.

Тој посочи дека Кина ги повикува земјите од Г7 вистински да се фокусираат на мирот и развојот низ целиот свет, да престанат да применуваат двојни или дури повеќекратни стандарди и да престанат да испраќаат воени авиони и бродови на „прагот“ на другите земји за да ја покажат својата сила,објави РИА Новости.

Тој, исто така, ги повика земјите од Г7 да престанат да организираат обоени револуции во другите земји во секоја прилика и да се воведат незаконски санкции.

Што се однесува до одлуката на Финска да аплицира за членство во НАТО, Жао кажа дека Пекинг се надева дека сите страни ќе го следат принципот на неделивост на безбедноста и ќе ги почитуваат меѓусебните грижи.

Тој, исто така, нагласи дека приемот на Финска во НАТО ќе донесе „нови фактори“ во односите меѓу Пекинг и Хелсинки, кои отсекогаш биле пријателски.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!