Вие имате прво да ја знаете вистината

Русите го вратија Москвич-от од пензија, така ќе ја пополнувале дупката која остана откако Рено ја напушти Русија

Откако групата Рено реши да ја напушти Руската Федерација по настаните во Источна Европа и руската инвазија на Украина, градоначалникот на Москва најави дека фабриката на Рено во главниот град на Москва ќе добие поинаква намена.

Имено, првиот човек на главниот град на Русија, Сергеј Собјанин изјави дека странските сопственици одлучиле да ја затворат фабриката за автомобили Рено во Москва, но дека функционерите не смеат да дозволат работниците да останат без работа.

„Странскиот сопственик одлучи да го затвори Рено во Москва. Тоа е негово право, но не можеме да дозволиме илјадници работници да останат без работа“, рече Собјанин.

Како решение за овој проблем, Собјанин нагласи дека во иднина фабриката наместо под името Рено, ќе продолжи да произведува автомобили под историскиот бренд – Москвич.

„Решив да ја префрлам фабриката во градскиот буџет и да го продолжам производството на автомобили под историскиот бренд „Москвич“. Ќе се обидеме да обезбедиме поголемиот дел од тимот да работи директно во фабриката и нејзините подизведувачи“, рече градоначалникот.

Како што појасни, главен технолошки партнер на реновираната фабрика за автомобили „Москвич“ треба да биде руската компанија КАМАЗ. Во првата фаза од работата на компанијата треба да се организира производство на класични автомобили со внатрешно согорување, додека во иднина да се префрлиме на производство на електрични автомобили.

„Покрај тоа, заедно со КАМАЗ и Министерството за индустрија и трговија на Русија, работиме на локализирање на производството на максимален број автомобилски компоненти во Русија“, објасни Собјанин.

Инаку, фабриката за автомобили под култното име Москвич има долга историја. Започна со производство на Форд пред речиси сто години, а потоа со децении произведуваше автомобили наречени Москвич.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!