Вие имате прво да ја знаете вистината

Се сеќавате на ерупцијата на вулканот Тонга? Снимено е нешто невидено, тоа беше посилно и од атомската бомба! (видео)

Очите на целиот свет беа вперени во Тонга.

Ерупцијата на вулканот Тонга во јануари беше потврдена како најголемата експлозија во атмосферата снимена од современи инструменти, јави Би-Би-Си.

Ерупцијата беше значително поголема од која било вулканска ерупција во 20 век , или тестирање на атомска бомба по Втората светска војна, беше објавено во научното списание Science по серија научни трудови, во кои беа прегледани сите податоци.

Во поновата историја, веројатно е дека само ерупцијата на вулканот Кракатаа во Индонезија во 1883 година предизвика слична експлозија во атмосферата.

Според Би-Би-Си, се верува дека катастрофалниот настан во Индонезија однел повеќе од 30.000 жртви , но за среќа, додава британскиот јавен сервис, ерупцијата на подводниот вулкан Тонга на 15 јануари оваа година во јужниот дел на Пацификот однела неколку животи, иако предизвика големо цунами.

– Тонга беше навистина глобален настан, како и Кракатаа, но сега ги имаме сите оние геофизички системи за набљудување кои забележаа нешто невидено кога се во прашање современите податоци – рече д-р Робин Матоза, од Универзитетот во Калифорнија во Санта Барбара.

Колосалната експлозија на Тонга , која дојде по неколку недели активност под морето, произведе неколку видови бранови на атмосферски притисок, кои се шират на долги растојанија. Во опсегот на аудитивната фреквенција, луѓето оддалечени 10.000 километри во Алјаска пријавиле дека слушаат бука која се повторува.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!