Вие имате прво да ја знаете вистината

Таа беше најсуровата прва дама во историјата: Додека народот молеше за леб, таа имаше 1.060 пара чевли, 15 бунди од визон и тоа не беше се (фото)

Убедливата победа на Фердинанд Маркос Јуниор, син на истоимениот диктатор, на претседателските избори на Филипините го одбележа враќањето на семејниот клан на власт.

По победата, неговото семејство објави фотографии од идниот претседател, наречен Бонгбонг, како слави во домот на неговата мајка Имелда Маркос , пишува „Гардијан“. Веста дека семејството Маркос се враќа на тронот на филипинската заедница ѝ врати лоши спомени од светот на Имелда, која остана запаметена како најарогантната прва дама во историјата.

Ѕидот на поранешната прва дама на Филипините е украсен со уметничка слика на познатиот сликар Пабло Пикасо – Femme Couche VI (Жена во лежечка положба VI). Станува збор за една од осумте слики кои во 2014 година беа запленети од антикорупционерите, но не се знае дали е оригиналот.

Сите се сеќаваат на периодот кога, додека народот умирал од глад и се молел буквално за парче леб, таа имала чевли вредни дури милион и пол долари!

Имелда Маркос, инаку, беше жена со извонредна убавина, една од најубавите на своето време, а уште поголем шарм, но нејзиниот лик го красеше бескрупулозност и голема себичност која достигна до суровост. Таа беше прва дама на Филипините цели 21 година, во периодот од 1965 до 1986 година, остана запаметена како најголема расипничка меѓу државничките досега!

Во 2018 година таа беше неправосилно осудена за корупција, а овој процес траеше повеќе од 30 години. На Имелда и се заканува затворска казна од шест до 11 години по секоја точка од обвинението, а веднаш по изрекувањето на пресудата беше издаден налог за апсење.

Меѓутоа, бидејќи г-ѓа Маркос денес има 90 години, таа може да остане на слобода со платена кауција до правосилноста на пресудата. Ќе мора да поднесе и оставка – и покрај скандалите во минатото, таа се уште е политички активна на Филипините, па има трет мандат во Парламентарниот дом.

Во филипинскиот суд беше поднесена тужба против Имелда и нејзиниот сопруг Фердинанд Маркос, поранешниот претседател, кои се осомничени дека украле милијарди долари и ги чувале на тајни сметки во швајцарските банки. Но, бидејќи Маркос во меѓувреме почина, целиот товар падна на сега 90-годишната Имелда.

Целиот свет се уште ја памети „бескрвната револуција“ на Филипините кога претседателската двојка побегна со три деца на Хаваите, каде што Фердинанд почина три години подоцна.

Кога побегнале, добар дел од парите биле безбедни, но зад себе сигурно оставиле значително богатство – во претседателската палата биле пронајдени 1.060 пара чевли на Имелда, 15 бунди од визон, 508 свечени фустани и 1.000 чанти. Но, ова не кажува доволно за нејзината опсесија со штиклите – нејзиното стапало носеше се што било во тренд, а вкупно за време на нејзиното владеење купила повеќе од 3.000 пара чевли.

Всушност, направена е пресметка дека ако носи различен пар чевли секој ден, ќе и требаат осум години да облече се што поседува. Интересно е што во 2001 година беше отворен музеј на нејзините чевли во областа за чевли во главниот град на Филипините – Манила.

Чевлите беа само врвот на ледениот брег, бидејќи всушност Имелда трошеше преголеми државни пари на се што е поврзано со убавината, а интересен е фактот што, на пример, таа купуваше парфеми во галони.

Беше опседната со својот изглед, гардероба, накит, а се зборува дека за да не ја расипе фризурата, често спиела седејќи на столче. И сето тоа додека Филипјаните мрмореле од глад, молеле за корка леб и живееле во страшна беда… Се зборувало дека се богати оние што имале по два долари дневно за трошење.

Филипинците ја нарекоа и „челична пеперутка“, а овој прекар и го дадоа поради нејзината неверојатна способност да ги преживее најдраматичните турбуленции во животот.

Имено, зад екстравагантноста и ароганцијата на Имелда се криеле длабоки трауми од нејзиното детство – периодот кога таа била девојка која растела во распадната гаража со бетонски под. Беше убава и мила, но боса, немаше ниту еден пар чевли. На крајот, една пријателка се сожалила и и купила чевли, а потоа никогаш не го заборавила тој ден… И тоа добро се видело во годините што следат.

Но, никогаш не го поистоветуваше своето немилосрдно трошење пари со алчност, нагласувајќи дека сакала само да покаже колку ја сака „убавината, вистината и добрината“. Таа ја оправда и својата опсесија со чевли, нагласувајќи дека се што сака да промовира е филипинската индустрија за обувки.

Пет години по смртта на нејзиниот сопруг, таа се вратила на Филипините со своите деца, продолжувајќи да пали и жари на политичката сцена, а во 2011 година признала дека има богатство од 22 милиони долари. Но, се шпекулира дека нејзиниот и имотот на семејството Маркос се неколку стотици пати поголеми од таа бројка!

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!