Вие имате прво да ја знаете вистината

Тајните служби на Велика Британија го објавија најновиот разузнавачки извештај: БЕЛОРУСИЈА РАСПОРЕДУВА СПЕЦИЈАЛНИ СИЛИ ДОЛЖ ГРАНИЦАТА СО УКРАИНА – воздушна одбрана, артилериски и ракетни единици!

Министерството за одбрана на Велика Британија известува за зголемување на активноста меѓу белоруските вооружени сили.

Во својот редовен разузнавачки извештај, Министерството за одбрана на Велика Британија соопшти дека – „рускиот сојузник Белорусија најави распоредување на сили за специјални операции долж границата со Украина, како и единици за воздушна одбрана, артилериски и ракетни единици на полигоните за обука на западниот дел на земјата“.

Присуството на белоруските вооружени сили во близина на границата веројатно ќе ги запре украинските војници, па тие нема да можат да се распоредат за поддршка на операциите во регионот Донбас“, се наведува во извештајот.

Во извештајот исто така се наведува дека и покрај претходните шпекулации, белоруските вооружени сили не биле директно вклучени во конфликтот, а белорускиот претседател и сојузник на Владимир Путин, Александар Лукашенко – „веројатно ја избалансирал поддршката за Русија со избегнување директно влегување во војната и западните санкции“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!