Вие имате прво да ја знаете вистината

УКРАИНЦИТЕ СТИГНАА ДО ГРАНИЦАТА НА РУСИЈА – Погледнете го видеото кое ја фрли цела Украина во транс: “ПРЕТСЕДАТЕЛЕ, УСПЕАВМЕ!“ (видео)

Украинските војници кои го бранат градот Харков стигнаа до државната граница со Русија, соопшти во понеделникот гувернерот Олех Синегубов, кој оваа информација ја објави на неговиот профил на социјалната мрежа Телеграм.

Тврдењето сè уште не може да се потврди и не е јасно колку војници стигнале до руската граница или каде точно истите се наоѓаат.

Министерството за одбрана на Украина објави видео на кое наводно се гледаат голем број војници од територијалната одбрана на неодредена локација на границата.

Претседателе, успеавме“, вели еден од војниците, а видеото брзо стана вирално и предизвика еуфорија низ Украина но и низ социјалните мрежи ширум светот.

Доколку оваа информација биде потврдена, тоа би значело дека украинската контраофанзива е се поуспешна во туркањето на руските вооружени сили на североисток, откако западните воени агенции соопштија дека офанзивата на Москва во регионот на Донбас е запрена.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!