Вие имате прво да ја знаете вистината

УНГАРИЈА ОБЈАВИ УСЛОВ ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА ЕМБАРГОТО ЗА РУСКАТА НАФТА: “Ние не сме виновни за војната, нема да ја платиме цената!“

Унгарската влада инсистира дека Унгарците нема да ја платат цената на војната во Украина, соопшти во неделата министерот за надворешни работи Петер Сијарто.

Сијарто во интервју за едно радио изјави дека – „Унгарците на никаков начин не се виновни за избувнувањето на војната во Украина, па доколку Европската комисија има намера да воведе ембарго на руската нафта, мора да гарантира дека тоа нема да влијае на Унгарците или на унгарската енергетска безбедност“.

Доколку во моментов се усвои ембаргото за нафта, кое е дел од шестиот пакет санкции на Европската комисија, Унгарија нема да може да ја добие суровата нафта што и е потребна за да ја одржи економијата“, кажа министерот за надворешни работи на оваа земја.

Владата ќе го прифати предлогот само доколку ЕК понуди решение за проблемот што го создаде“, потенцираше тој.

Првиот проблем е што унгарските рафинерии за нафта ќе треба да бидат технички модифицирани, што ќе чини 500-550 милиони евра.

За подобрување на капацитетот на гасоводот низ Хрватска ќе треба да се потрошат дополнителни 200 милиони евра.

Ако Унгарија мора да увезува сурова нафта од други извори освен од Русија, цените на горивата ќе пораснат за 55 до 60 проценти.

Сијарто додаде дека членките на ЕУ се согласиле во Париз пред неколку месеци дека секој чекор за намалување на зависноста од руската енергија ќе мора да ја земе предвид специфичната ситуација на секоја земја.

На Русија отпаѓа вкупно 65 отсто од потрошувачката на нафта во Унгарија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!