Вие имате прво да ја знаете вистината

УНГАРСКИОТ ПРЕМИЕР ПОВТОРНО ГО ПРИВЛЕЧЕ ВНИМАНИЕТО НА ЕВРОПА – Ова е новиот “манифест“ на Орбан: “Ние претстои деценија на војна, опасност и несигурност!“

Унгарскиот парламент денес го потврди новиот мандат на премиерот Виктор Орбан, лидерот на партијата Фидес, човек ја води земјата од 2010 година. Тој беше избран со 133 гласа „За“, додека 27 пратеници беа против. Орбан положи заклетва и одржа прилично мрачен говор за иднината на Европа.

Деценијата што претстои ќе биде декада на опасност, несигурност и војна“, вака го започна тој својот говор.

Тој додаде дека војната во Украина и европските санкции што следеа создадоа енергетска криза што може да доведе до рецесија и стагнација во Европа. Тој исто така смета дека ќе се вратат нови епидемии и дека ќе се зголеми бегалскиот бран од сиромашните кон богатите земји и дека економските последици од сите овие фактори ќе бидат многу сериозни. Војната во Украина, како што кажа Орбан, ќе ја почувствува целиот свет, пишува Daily News Hungary.

Пред нашите очи се отвора една деценија на војна. Треба да почнеме да размислуваме не за тоа што сакаме, туку за нашата реалност“, кажа ново-стариот унгарски премиер.

Тој нагласи дека негов приоритет е да избегне вовлекување на Унгарија во руско-украинскиот конфликт и да обезбеди мир и безбедност во неговата земја. Тој додаде дека војната во соседството на Унгарија најверојатно ќе биде подолга од очекуваното и дека ќе вклучува оружје што ќе биде „тешко да се игнорира“ и ќе претставува постојана закана за безбедноста на земјата. Аналитичарите секако ќе ги интересира неговата изјава дека секој што учествувал во транспортот на оружје во Украина е „веќе со едната нога во војната“.

Ние се залагаме за мир. Војната уништува, мирот гради. Сакаме примирје, прекин на огнот и мировни преговори. Тоа е нашиот став“, нагласи унгарскиот премиер.

Тој кажа дека економските мерки кои „ќе ги уништат унгарските семејства“ не се прифатливи и дека нема да бидат усвоени.

Брисел секојдневно ги злоупотребува своите овластувања и се обидува да ни наметне тешки и лоши одлуки“, додаде тој, додавајќи дека Унгарија покажала толерантно лице кон мигрантите, родовите прашања и ембаргото за нафта.

Но ние нема да се откажеме од заштитата на нашите граници. Не можеме да ги пуштиме мигрантите и ќе ги заштитиме нашите семејни вредности и не можеме да пуштаме родови и сексуални активисти во училиштата“, посочи тој.

Како заклучок, тој кажа дека и покрај се, во интерес на Унгарија е да остане во Европската унија во следната деценија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!