Вие имате прво да ја знаете вистината

ХРВАТСКИТЕ МЕДИУМИ БРУЈАТ ЗА СРБИЈА! Удар на Вучиќ од ЕУ: “Или ние или Путин”

Највисоките претставници на ЕУ го засилуваат притисокот врз Србија.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Јосеп Борељ ја повика Србија да спроведе санкции против Русија бидејќи „веќе не е можно да се има европска иднина и блиски односи со режимот на Путин“, пишуваат хрватските медиуми.

По состанокот на Советот на ЕУ, на кој присуствуваа и министрите за надворешни работи на западнобалканската шесторка, Борељ ги поздрави „стратешките и храбри“ одлуки на оние партнери кои беа целосно усогласени со надворешната политика и санкциите на ЕУ.

Тој тврди дека руската пропаганда и дезинформации се широко распространети на Западен Балкан и предупредува дека во оваа ситуација неутралниот статус на земјите кандидати за членство во ЕУ не е во согласност со нивната европска иднина.

Одржувањето блиски односи со режимот на Путин повеќе не е во согласност со градењето на заедничка иднина со ЕУ. Тие две работи не функционираат. Неутралноста во однос на војната во Украина е погрешен концепт. Една земја нападна друга и нивно ставање на исто ниво значи изедначување на напаѓачот и жртвата, а тоа не е можно – заклучи Борељ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!