Вие имате прво да ја знаете вистината

Хуманитарците предупредуваат: “ВОЈНАТА ВО УКРАИНА МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ГЛАД И БЕГАЛСКИ БРАНОВИ ШИРУМ СВЕТОТ!“

Египет, Кенија, Јужен Судан, Либан и многу други земји директно или индиректно зависат од рускиот и украинскиот извоз, така што војната во Украина може да поттикне глад и бегалски бранови ширум светот, особено во сиромашните земји, соопшти германската хуманитарна организација Welthungerhilfe.

Водачот на WelthungerhilfeМатијас Моге, предупреди дека руската војна против Украина ќе доведе до глад во различни делови на светот.

Земјите како Египет, Кенија, Јужен Судан, Либан и многу други земји се во голема мера зависни од рускиот и украинскиот извоз, директно или индиректно“, изјави тој за медиумската група RND во текот на викендот.

Тие земји повеќе не ги добиваат количините што ги нарачаа и треба да платат многу повеќе за нив“, додаде тој.

Цените на храната веќе се искачија на највисоките нивоа во историјата пред војната, првенствено поради факторите како климатските промени, конфликтот и пандемијата“, посочи Моге.

Најпогодено е посиромашното население, кое треба да троши голем дел од расположливиот приход за храна“, кажа тој, додавајќи дека – „повисоките цени се многу проблематични и за хуманитарните групи“.

Кога Светската програма за храна на ОН мораше да ги намали оброците во бегалските кампови за сириските бегалци во 2015 година, тоа беше еден од предизвикувачите фактори за големи бегалски движења во Европа. Не треба да го заборавиме тоа“, предупреди тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!