Вие имате прво да ја знаете вистината

ШВЕДСКА ВЛЕГУВА ВО НАТО НО ПОД ДВА УСЛОВИ – Еве што објави премиерката на земјата Андерсон!

Шведската владејачка Социјал-Демократска партија претходниот ден објави дека го поддржува влезот на земјата во НАТО, но со два услова – на нејзина територија да нема нуклеарно оружје, ниту постојани бази на тој воен сојуз.

Претседателството на Социјал-Демократската партија одлучи да работи на апликацијата на Шведска за членство во НАТО, а доколку биде прифатена, ќе ја задржиме резервацијата за распоредување нуклеарно оружје и постојани бази на НАТО на наша територија“, објави BBC по лидерската средба на партијата.

На прес-конференцијата што следеше, премиерката Магдалена Андерсон кажа дека одлуката за аплицирање за членство во НАТО не е насочена против Русија, туку е оценета како најдобра за Шведска.

Ако Шведска беше единствената во регионот на Балтикот што ќе остане надвор од НАТО, ќе беше многу ранлива“, изјави Андерсон.

Таа изрази надеж дека, колку што е можно, апликацијата на Шведска ќе биде синхронизирана со Финска, која исто така ќе аплицира за членство во НАТО.

Магдалена Андерсон и Сана Марин

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!