Вие имате прво да ја знаете вистината

Шведска испраќа дипломати во Турција – Ќе се обиде да го убеди Ердоган да не им го блокира патот кон НАТО!

Шведска ќе испрати дипломати во Турција за да се обиде да ги надмине приговорите на Анкара на нејзиниот план да се приклучи на НАТО, соопшти во понеделникот министерот за одбрана на Шведска, Петер Хултквист, а официјалната одлука за поднесување апликации за членство во НАТО се очекува подоцна денес.

Владејачката Социјал-Демократска партија се откажаа во неделата по 73 години противење за влез во НАТО.

Тие изразија желба брзо да се приклучат на НАТО, напуштајќи ја децениската неутралност откако Русија ја нападна Украина.

Соседната Финска во неделата потврди дека официјално ќе поднесе барање за членство во НАТО.

Сепак, Турција ги изненади своите сојузници во НАТО велејќи дека нема да гледа позитивно на барањата на Финска и Шведска, а претседателот Реџеп Таип Ердоган кажа дека – „скандинавските земји се рај за терористичките организации“.

Ќе испратиме група дипломати на разговори со Турција за да видиме како ова може да се реши и што всушност да се прави“, изјави министерот за одбрана, Питер Хултквист за тамошните медиуми.

Турција соопшти дека сака скандинавските земји да престанат да ги поддржуваат курдските милитантни групи присутни на нивната територија и да ја укинат забраната за продажба на одредени оружја во Турција.

НАТО и САД велат дека се убедени дека Турција нема да го запре членството на Финска и Шведска.

Секоја одлука за проширување на НАТО бара одобрение од сите 30 членки на алијансата и нивните парламенти, но дипломатите рекоа дека Ердоган ќе биде под притисок да попушти бидејќи Финска и Шведска во голема мера ќе го зајакнат НАТО во Балтичкото Море.

Уверен сум дека ќе можеме да одговориме на загриженоста изразена од Турција на начин што нема да го одложи членството“, изјави во неделата генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Шведскиот парламент в понеделник ќе расправа за членството во НАТО, а одлуката треба да биде само формалност бидејќи големо мнозинство пратеници го поддржуваат членството во НАТО.

Владата се очекува д донесе официјална одлука за апликацијата подоцна во текот на денот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!