Вие имате прво да ја знаете вистината

ЃОКОВИЌ ПРЕД ПОСТАВУВАЊЕ НА НОВ ГОЛЕМ РЕКОРД – По големата победа во Рим, Новак ја започна својата 370 недела како прв на АТП листата!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја започна својата 370 недела на првото место на АТП листата.

Новак со триумфот на Мастерсот во Рим се зацврсти на врвот и сигурно ќе остане број еден уште најмалку три недели.

Српскиот ас е се поблиску до апсолутниот рекорд кој го држи легендарната германска тенисерка Штефи Граф. Таа помина 377 недели на првото место како најдобра во женска конкуренција.

Тоа значи дека Новак би можел да го израмни нејзиниот рекорд на 4. јули, но ќе има исклучително тешка задача бидејќи ги брани титулите освоени лани на Ролан Гарос и Вимблдон.

По дополнителните 400 бодови што ги освои со триумфот во Рим, Ѓоковиќ сега има 680 бодови повеќе од второпласираниот Данило Медведев (7.980). На третото место и натаму е Александар Зверев од Германија (7.200 бодови), а на четвртото се случи една важна промена. Стефанос Циципас го прескокна Рафаел Надал и е четврти пред Ролан Гарос, што значи дека Ѓоковиќ би можел да се сретне со Надал во четвртфиналето на на турнирот во Франција.

Топ 10:

1. Новак Ѓоковиќ (Србија) – 8.660

2. Данил Медведев (Русија) – 7.980

3. Александар Зверев (Германија) – 7.200

4. Стефанос Циципас (Грција) – 6.170

5. Рафаел Надал (Шпанија) – 5.525

6. Карлос Алкараз (Шпанија) – 4.770

7. Андреј Рубљов (Русија) – 3.945

8. Каспер Руд (Норвешка) – 3.940

9. Феликс Огер-Алиасим (Канада) – 3.850

10. Матео Беретини (Италија) – 3.805

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!