Вие имате прво да ја знаете вистината

АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС РАЗГОВАРАШЕ ЗА НАВОДНИТЕ ПОЈАВИ НА НЛО!

Првата јавна расправа во Конгресот за појавата на НЛО во САД по повеќе од 50 години заврши со малку одговори за овој феномен.

Двајцата највисоки воени функционери задолжени за истрагите за НЛО рекоа дека повеќето од нив на крајот може да се идентификуваат, но рекоа дека бројните настани од појавата на таквите објекти им пркосат на сите обиди да се објаснат.

Војската на САД снимила 11 „блиски средби на НЛО“ со своите борбени авиони.

Некои „необјаснети воздушни феномени“, како што воените претставници ги нарекуваат НЛО, се чини дека се движеле без никакви очигледни средства за погон.

За време на сослушувањето на разузнавачките служби пред Претставничкиот дом за борба против тероризмот и контраразузнавањето, главниот разузнавач на Пентагон, Роналд Мултри рече дека преку „ригорозна“ анализа, може да се идентификуваат повеќето, но не сите НЛО.

„Секој предмет на кој ќе наидеме веројатно може да се изолира, карактеризира, идентификува и, доколку е потребно, можеме да се справиме со него“, рече Мултри.

Се уште нема објаснување за малиот број инциденти. Во еден таков инцидент во 2004 година, пилотите на борбените авиони кои летале од носачот на авиони во Пацификот наишле на објект кој се спуштал долго време пред да застане и лебди во воздухот.

Во вториот инцидент кој денеска за првпат беше јавно прикажан, на видеото се гледа како објектот лета покрај борбен авион на американската морнарица. Темата останува необјаснета.

„Постојат мал број настани каде што има карактеристики на летот или управување што не можеме да ги објасниме со податоците што ги имаме на располагање“, рече Скот Бреј, заменик-директор на поморското разузнавање.

Тој додаде дека ваквите појави се од најголем интерес за разузнавачките служби.

Бреј, исто така, се обиде да ја отфрли идејата дека таквите појави може да бидат вонземјани, истакнувајќи дека никогаш не биле пронајдени органски или неоргански материјали или остатоци и дека немало обиди за комуникација со такви објекти.

Пратениците во Конгресот најмногу ги интересираше дали ваквите појави се закана за националната безбедност. Претставниците на разузнавањето нагласија дека во нивните напори да го објаснат она што јавноста го нарекува НЛО, нема индикации за вонземски феномени и дека никогаш досега не биле пронајдени вонземјански вселенски летала.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!