Вие имате прво да ја знаете вистината

БАЈДЕН ГО ПРЕЧЕКА МИЦОТАКИС СО ВРАТОВРСКА НА КОЈА ГО ИМАШЕ ГРЧКОТО ЗНАМЕ! (ФОТО)

Со сино бела вратоврска со грчкото знаме, претседателот на САД Џо Бајден го пречека премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис на нивната вчерашна средба во Белата куќа, јави дописничката на МИА од Атина.

Вратоврската не остана незабележана од Мицотакис, кој ја коментираше при пристигнувањето и му се заблагодари на Бајден, а ракувањето пред средбата беше проследено со дијалог дали Бајден на грчки е „Бајденопулос“ или „Бајденакис“.

  • Џо Бајденопулос, му рече претседателот на САД на Мицотакис, пречекувајќи го во неговата канцеларија.
  • Бајденакис! Веројатно е подобро. Мицотакис- Бајденакис, коментираше грчкиот премиер.

„Бајденопулос“ и „Бајденакис“ беа споменати и за време на приемот по средбата, во обраќањата на двајцата лидери.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!