Вие имате прво да ја знаете вистината

Бајден патува во Њујорк за да ги утеши семејствата на жртвите убиени од расистичкиот тинејџер

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден во вторник ќе отпатува во државата Њујорк за да им изрази сочувство на семејствата на жртвите кој ги застрела тинејџерот во афроамерикански кварт.

Бајден ќе отпатува во Бафало, Њујорк, каде што Пејтон Гендрон (18 г.), според властите, извршил чин на „расно мотивиран насилен екстремизам“ кога пукал со полуавтоматска пушка во супермаркет во кварт со доминантно афроамериканско население.

Повредил 13 луѓе а убил десет.

Портпаролката на Белата куќаКарин Жан-Пјер, во понеделникот кажа дека „Бајден ќе се обиде да ги утеши семејствата на десет луѓе чии животи беа бесмислено одземени во оваа страшна престрелка“ и ќе се сретне со полицијата и медицинскиот персонал кој им пружи помош на жртвите.

Тој, исто така, ќе го посети споменикот на Топс Маркет за да им оддаде почит на жртвите, да се сретне со локалните лидери и да одржи говор во блискиот центар, соопшти Белата куќа.

Се очекува Бајден да го осуди расно мотивираното насилство и да повика на нови мерки за борба против него.

Тој им кажа на Американците дека се кандидира за претседател за да ја обнови душата на Америка, откако претходникот Доналд Трамп не ги осуди смртоносните немири на белите врховисти во Шарлотсвил, Вирџинија.

Полицијата во неделата потврди дека ги истражува објавите на Гендрон на Интернет, кои вклучуваат манифест од 180 страници.

Се верува дека авторот на овој манифест е Гендрон и дека развил теорија на заговор за голема промена на населението, чија цел е да се поттикне миграцијата од белците за да се создаде малцинство во САД и на други места.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!