Вие имате прво да ја знаете вистината

ВИДЕО ОД ЧОВЕК СО МАСКА КОЈ Ѝ СЕ ЗАКАНУВА НА СРБИЈА: „СРБИЈО, ВИЕ СТЕ НАШАТА СЛЕДНА МЕТА!“

Засега непознато лице им се заканува на граѓаните на Србија и се претставува како член на групата Анонимус.

„Бомбардирањата“ во соседна Србија не престануваат. Само вчера беа испратени закани за бомби во повеќе од 90 основни и средни училишта. И денеска стигна дојава за наводно поставена бомба во трговскиот центар во Рајиќева во центарот на Белград.

Дека целата работа отишла предалеку, укажува и заканувачката содржина во видеото кое неодамна се појави на Твитер и кое го прикачи корисник кој се претставува како, наводно, еден од членовите на познатата хакерска група Анонимус.

„Здраво, Србијо. Вие активно ја поддржувате Русија во нивните крвави и терористички акции против Украина. Не ви е гајле за човечките жртви и кутрите украински деца и затоа вие сте нашата следна цел. Сакам да ви поставам прашање: Дали навистина сте толку глупави или не? Но, не е важно во моментов, само очекувајте ја нашата одмазда за вашето слепило и глупост. Ние сме Анонимус, не забораваме и не простуваме. Очекувајте не“, се слуша на видеото.

Да потсетиме, со денови граѓаните и на Белград и на градовите во Србија се малтретирани со лажни дојави за поставени бомби во трговските центри, авионите, зоолошките градини, училиштате, мостовите…

Србите очигледно не се исплашиле од заканите на наводниот член на групата „Анонимус“.

Србите веднаш реагираа на Твитер и покажаа дека не се плашат од него. Објавено е видео од серијалот „Мојот роднина од село“ во кој Рајко Малешевиќ (го игра Танасије Узуновиќ) вели: „Што ти е пријателе, ајде?“ Не е во ред сила да спомнуваш. Ти тепаш еден од нашите, ние ти го палиме магацинот… Ти нас шталата и машините, ние тебе куќата… Убиваш еден од нашите, ние убиваме се што имаш во куќата… И каква ти е таа твоја пресметка?“

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!