Вие имате прво да ја знаете вистината

Високиот преставник на ЕУ со остри критики кон Србија: “Блиските односи со режимот на Владимир Путин повеќе не се компатибилни со европската интеграција!“

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, синоќа во Брисел изјави дека Србија треба што поскоро да ги почитува санкциите на ЕУ кон Русија, но дека одржувањето блиски односи со режимот на рускиот претседател Владимир Путин повеќе не е компатибилно со европската интеграција.

Борел кажа дека ЕУ ги разбира тешкотиите и го цени гласањето против Русија во Генералното собрание на ОН, но дека се очекува кандидатите за членство и партнерите целосно да се усогласат со надворешната политика.

Мене и на многу мои колеги во Советот за надворешни работи на ЕУ ни е јасно дека одржувањето блиски односи со режимот на Владимир Путин повеќе не е компатибилно со градење на заедничка иднина со ЕУ. Овие две работи не се компатибилни во исто време“, изјави Борел, додавајќи дека неутралноста во светлината на војната во Украина е лажен концепт.

Една земја изврши инвазија на друга и ставајќи ги на исто ниво значи дека нема разлика меѓу напаѓачот и нападнатиот. Тоа не е можно“, додаде Борел.

Борел кажа дека Европската унија ги поздравува стратешките и храбри избори на оние партнери кои се целосно усогласени со нејзината надворешна политика и санкциите против Русија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!