Вие имате прво да ја знаете вистината

Дали ги чека смрттна казна бранителите на фабриката Азовстал !? Претседателот на Руската Дума: “Нацистичките криминалци не треба да се разменуваат!“

Рускиот парламент односно Руската Дума, расправа за ослободување на борците на украинскиот полк Азов, заробени во фабриката за челик Азовстал во Мариупол, и нивната размена за руски затвореници. 

Сепак, руската медиумска агенција ТАСС го цитираше претседателот на Думата, Вјачеслав Володин, кој рекол дека – „нацистичките криминалци не треба да се разменуваат“.

Рускиот претставник во преговорите со УкраинаЛеонид Слуцки, смета дека Русија треба да размисли за смртна казна за заробените членови на полкот Азов.

Иако Русија има мораториум на смртната казна, треба внимателно да се разгледа смртната казна за борците од Азов. Тие не заслужуваат да живеат по монструозните злосторства против човештвото што ги направија и континуирано ги вршат врз нашите затвореници“, нагласи тој.

Претходно, портпаролот на КремљДмитриј Песков, изјави дека украинските бранители, кои се предале на фабриката за челик Азовстал, ќе бидат третирани „во согласност со меѓународните стандарди“, за што наводно гарантира самиот Владимир Путин.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!