Вие имате прво да ја знаете вистината

Дали е ова крај на битката за Мариупол!? Руските медиуми пренесуваат: Почна евакуацијата на ранетите украински војници од Азовстал!?

Челичарницата Азовстал е фабрика во украинскиот град Мариупол за која се воделе големи битки меѓу украинските и руските сили.

Руската агенција Риа Новости пишува дека започна евакуацијата на ранетите украински војници од Азовстал. Оваа агенција се повикува на руското Министерство за одбрана. Тие пишуваат дека евакуациите се резултат на договорот меѓу руските и украинските воени преговарачи.

Оттаму додаваат дека ранетите Украинци со хуманитарен коридор се префрлени во болница на територијата на самопрогласената Народна Република Доњецк. Челичарницата Азовстал е фабрика во украинскиот град Мариупол, за која се водеа големи битки меѓу украинските и руските сили.

Мариупол е под целосна контрола на руските сили, а украинските војници мораа да се повлечат во индустриската зона на пристанишниот град на брегот на Азовското Море. Украинските војници се забарикадираа во фабриката Азовстал и одбиваат да им се предадат на руските војници.

Цивилите неодамна беа евакуирани од фабриката, но припадниците на украинските маринци и на Азовскиот полк останаа таму. Русите ги држат под опсада и се обидуваат одвреме-навреме да се пробијат, но засега не можат целосно да ја окупираат фабриката.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!