Вие имате прво да ја знаете вистината

ДОЖИВЕАЛ СРЦЕВ УДАР ДОДЕКА ПРОБУВАЛ ДА ГО ЗАКОПА ТЕЛОТО НА ЖЕНАТА ШТО ЈА ЗАДАВИЛ: „ГО НАЈДОВМЕ КАКО ЛЕЖИ ПОКРАЈ ЈАМАТА…“

Џозеф Мекинон му рекол на својот сосед во Трентон дека копа дупка во својот двор поради фонтана, како што изјави за „People“ шерифот на округот Едфилд Џоди Роланд. Но, се дошло до страшно откритие кога друг сосед во саботата, на 7 мај, забележал дека 60-годишниот Мекинон лежи неподвижен покрај јамата во градината свртен кон земјата. Тој повикал полиција.

  • Дојдовме таму и дознавме дека очигледно имал срцев удар. На неговото тело немаше повреди – изјави Роуланд.

Бидејќи во куќата на Мекинон немало никој, властите се обиделе да ги известат неговите најблиски, но не успеале да ја најдат неговата партнерка Патриша Рут Дент (65) која живеела со него. Нејзините колеги на работа ѝ кажале на полицијата дека Патриша тој ден не одговарала на нивните пораки и дека тоа не било вообичаено за неа.

„Сите беа загрижени пред да стигнеме таму“, рече Роуланд.

(Please check out our recent video: https://youtu.be/OwjcfkTOC6g)Date: May 7th, 2022Location: Trenton, South…

Posted by Murder_and_its_victims on Thursday, May 12, 2022

Властите ја продолжија истрагата во огромниот двор на Мекинон. Според Роуланд, куќата била свежо исчистена, но во неа пронашле крв, која била идентификувана како Патриша. Тоа ги навело да ја истражат јамата што нејзиниот партнер ја ископал тоа саботно утро.  

Почнале да копаат и пронашле црни кеси за ѓубре. Кога ги отвориле, го нашле телото на Патриша врзано со лента. Роуланд изјави дека Патриша била удирана со тупаници во лицето, но дека тоа не бил смртоносен удар и дека обдукцијата покажала дека таа починала како последица на давење. Аутопсијата на Мекинон, пак, докажала дека тој починал од тежок срцев удар.

Шерифот рекол дека Мекинон најверојатно и го врзал телото со големи кеси за ѓубре и со камион го однел до неговата градина, каде што претходно ископал јама. Камионот сè уште бил паркиран во градината кога властите дошле во неговата куќа.

„Ја нападнал, ја убил, ја ставил во јама и умрел обидувајќи се да ја закопа“, рече Роуланд, додавајќи дека инцидентот е „многу необичен и неочекуван“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!