Вие имате прво да ја знаете вистината

ДРАМА ВО САД – Поранешниот НБА шампион извадил пиштол и ѝ се заканувал на неговата поранешна сопруга во присуство на неговите деца!

Кошаркарот на Кливленд Кавалирс, Режон Рондо е обвинет дека ја нападнал својата поранешна сопруга Ешли Бечелор и и се заканувал со пиштол во присуство на нејзините деца.

Американските медиуми објавија дека познатиот ас за време на кавгата кршел работи низ куќата, а потоа извадил пиштол и почнал да се заканува.

Поранешната сопруга го пријавила кошаркарот и побарала итна заштита, а судијата наредил Рондо да не и приоѓа поблиску од 150 метри, како и дека мора да го предаде оружјето на судот во Кентаки.

Инцидентот се случил кога Ешли го замолила нејзиниот син да и помогне со алиштата додека играл видео игри со неговиот татко. Рондо изреволтиран од тоа почнал да и вика и да фрла работи низ куќата.

Преплашените деца сведочеле дека и се заканувал на нивната мајка со зборовите: „Ти си мртва“.

Кошаркарот потоа излегол од куќата, но набрзо се вратил и почнал да удира со пиштолот по прозорецот.

Жената се обидела да го смири, но тој ја пцуел и и рекол: „Донеси ми го син ми“. Плашејќи се за неа и за животот на детето, таа го донела. Таа ја отворила вратата и Рондо застана со пиштол во раката. Тој му викал на синот и го прашувал зошто се плаши од него. Истото го направил и кога се појавила нивната ќерка. Кошаркарот си замина дури кога пристигнале родителите на неговата поранешна сопруга.

Рондо играше за многу големи екипи во НБА лигата како Бостон Селтикс, Далас Марерикс, Сакраменто Кингс, Чикаго Булс, Њу Орлеанс Пеликанс, Лос Анџелес Лејкерс, Атланта Хокс, Лос Анџелес Клиперс. Титулата шампион ја освои во 2008 и 2020 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!