Вие имате прво да ја знаете вистината

ЕРУПЦИЈА НА КОВИД-19: Ким Џонг Ун ја мобилизираше војската, испрати 11.000 здравствени работници да ги лоцираат заразените низ цела земја!

Северна Кореја ја мобилизираше својата војска да дистрибуира лекови и да распореди повеќе од 10.000 здравствени работници за да ги лоцираат пациентите во екот на борбата со бранот на вирусот Ковид-19, објави во вторникот државниот медиум KCNA.

Изолираната земја минатата недела го призна избувнувањето на епидемијата на Ковид-19 за првпат, предизвикувајќи загриженост за голема криза поради недостаток на вакцини и соодветна медицинска инфраструктура.

Државниот кризен центар за превенција на епидемијата пријави уште 269.510 лица со симптоми на треска, додека вкупниот број на загинати се зголеми од шест нови случаи на 56 во понеделникот вечерта, соопшти KCNA. Не е наведено колку луѓе биле позитивни на вирусот Ковид-19.

„Моќната сила“ на воено-медицинскиот корпус веднаш беше распоредена за да го подобри снабдувањето со лекови и медицински материјали во главниот град Пјонгјанг, епицентарот на епидемијата, по наредба на лидерот Ким Џонг Ун, објави KCNA.

Мисијата на тимот е насочена кон „ублажување на јавната здравствена криза“ во Пјонгјанг, додава медиумската агенција.

Околу 11.000 здравствени работници, професори и студенти по медицина се приклучија на „интензивниот медицински преглед на сите жители“ ширум земјата за да се лоцираат и лекуваат луѓето кои се разболеле.

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека вирусот може брзо да се шири во Северна Кореја, која нема програма за вакцинација и ја одби меѓународната помош.

Јужна Кореја и понуди на Северна Кореја во понеделникот да разговара за испраќање медицински материјали, вклучувајќи вакцини, маски, тестови за вирусот, но подоцна објави дека соседната земја одбила.

Стејт департментот на САД соопшти дека е загрижен за потенцијалното влијание на епидемијата врз граѓаните на Северна Кореја и ја поддржува потребата да се испратат вакцини во земјата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!