Вие имате прво да ја знаете вистината

ИСТОРИСКИ МОМЕНТ – Министерката за надворешни работи на Шведска ја потпиша кандидатурата за членство во НАТО: “ВАЖНА, СУДБОНОСНА ОДЛУКА…“ (фото)

Министерката за надворешни работи на Шведска, Ен Линде денес го потпиша барањето на земјата за влез во НАТО, а документот, заедно со тој од Финска, ќе биде доставен до седиштето на НАТО во Брисел кон крајот на оваа недела, објави The Local.

Се чувствувам важно, судбоносно и дека на крајот го направивме она што верувам дека е најдобро за Шведска“, изјави Линде додека го потпишуваше документот пред новинарите во канцелариите на Министерството за надворешни работи на Шведска.

Ен Линде
Ен Линде

Сè уште не е потврдено кога шведскиот амбасадор во НАТОАксел Вернхоф, ќе го проследи документот до генералниот секретар на НАТОЈенс Столтенберг во неговото седиште во Брисел.

Претседателот на ФинскаСаули Ниинисто деновиве е во државна посета на Шведска, а напладне ќе одржи говор во парламентот насловен „Одговорен, силен и стабилен нордиски регион“, пред да се сретне со премиерката Магдалена Андерсон.

Шведска и Финска се мотивирани од промената на геополитичката клима во Европа по барањето на НАТО за членство во НАТО по рускиот напад на Украина кон крајот на февруари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!