Вие имате прво да ја знаете вистината

ИСТОРИСКИ ПРОМЕНИ – Финскиот парламент денес најверојатно ќе гласа за барањето за влез во НАТО

Финскиот парламент најверојатно во вторник ќе гласа за барањето за влез во НАТО, историска промена во одбранбената политика на Финска предизвикана од руската инвазија на Украина.

Финската извршна власт, претседателот Саули Ниинисто и владата одлучија Финска да испрати барање за влез во Северноатлантската алијанса, под услов тоа да биде прифатено од законодавниот дом и парламентот.

Собраниската расправа се одржа во понеделник и траеше 14 часа. Зборуваа 212 пратеници и огромното мнозинство од нив гласаа позитивно.

Десет парламентарни работни тела, вклучително и комисии за надворешна политика и одбрана, веќе ја прифатија идејата.

Гласањето се очекува попладне и се очекува убедливо да биде прифатено барањето за влез во НАТО.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!