Вие имате прво да ја знаете вистината

ИТАЛИЈА И ПОКРАЈ ПОРАЗОТ ОД МАКЕДОНИЈА СЕПАК ЌЕ ОДИ НА МУНДИЈАЛОТ? ШАНСИТЕ СЕ МНОГУ ПОГОЛЕМИ ОТКОЛКУ ШТО МИСЛИТЕ!

Италијанската фудбалска репрезентација би можела да игра на претстојното Светско првенство!

И покрај срамното испаѓање од Македонија, Азурите би можеле да се најдат во Катар, како најдобро пласирана селекција на ранг листата на ФИФА, која не се квалификуваше.

Италијанците наместо во Еквадор би патувале во Катар на кој му се заканува елиминација.

За што се работи? Оваа јужноамериканска селекција преку квалификации избори учество на Мундијалот. Сепак, Фудбалскиот сојуз на Чиле ги обвини дека ги фалсификувале документите на Бајрон Давид Кастиљo, кој според нив всушност е Колумбиец.

Според Чилеанците, Кастиљо е роден на 25 јули 1995 година во колумбискиот град Томаку, а не на 10 ноември 1998 година во Генерал Вилијамил во Еквадор.

ФИФА покрена истрага, па Еквадор сега се плаши за својот пласман на Светското првенство.

Интересно, ова на националната телевизија го објави претседателот на Италијанската федерација за голф, Франко Кименти.

  • Можно е Италија да се спаси и да игра на Светското првенство. Има подобри шанси за тоа отколку што сите мислат. Се чини дека Еквадор може да плати поради големата грешка и ставањето играч во тимот кој нема право на настап – изјави Кименти.

Иако жалбата ја поднесоа Чилеанците, кои сметаат дека треба да ги заменат Еквадорците, Италија може да оди на Мундијалот. Кименти тоа го објаснува вака.

  • Постои правило на ФИФА кое налага во „случајни ситуации“ на Светското првенство да се пласира репрезентацијата со највисока позиција на ВТА. Во овој случај тоа е Италија. Ова се правилата на игра.

Нема дилема дека Италијанците ќе извршат огромен притисок врз ФИФА, со надеж дека сепак ќе завршат во Катар по срамното испаѓање од Македонија во полуфиналето на европскиот бараж.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!