Вие имате прво да ја знаете вистината

КАКВА ЌЕ БИДЕ СУДБИНАТА НА ЕВАКУИРАНИТЕ БРАНИТЕЛИ ОД МАРИУПОЛ !? Неколку војници од фабриката Азовстал пристигнаа во Новоазовск – се огласи Зеленски! (видео)

Околу 53 повредени Украинци, кои доцна синоќа беа евакуирани со автобус од фабриката за челик Азовстал, пристигнаа во градот Новоазовск, кој е под руска контрола, објави Sky News.

Новоазовск е на околу 50 километри источно од Мариупол, а војниците се префрлени во тамошната болница за да им биде укажана соодветна помош.

Други 211 лица биле однесени во Оленивка, околу 80 километри на север.

Тие ќе бидат разменети со руски воени заробеници за да се вратат дома“, соопшти Министерството за одбрана на Украина.

Евакуацијата на повеќе од 260 украински војници од големата фабрика за челик ја потврди и заменик-министерката за одбрана Ана Малар, објави Sky News.

Таа потврди дека 53 тешко ранети војници се префрлени во болницата во Новоазовск, која е под руска контрола.

Благодарение на бранителите на Мариупол, Украина доби критично време и тие ги исполнија сите свои задачи. Но, невозможно е да се деблокира Азовстал со воени средства“, изјави таа.

Работиме на спасување на луѓето кои се уште се во Азовстал“, додаде таа, без да наведе колку војници останале.

Заменик-министерката кажа дека ќе биде договорена размена за нивното враќање дома.

Ова се фотографии од некои од нив неколку дена пред евакуацијата, објавени од еден од борците на баталјонот Азов, Дмитриј Козацки, а фотографиите го обиколија светот.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека евакуацијата на борците од Азовстал на територијата контролирана од сепаратистите им ги спасила животите.

На Украина и требаат украинските херои за да бидат живи. Тоа е нашиот принцип“, кажа Зеленски во своето ноќно обраќање.

Нашата армија и разузнавачка служба започнаа операции за спасување на бранителите на Мариупол. Работата продолжува да ги вратиме момчињата дома, а тоа бара внимателна акција и време“, објасни Зеленски.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!