Вие имате прво да ја знаете вистината

Кремљ ја заострува реториката: “Западот води хибридна војна против Русија! Се обидуваат да не изолираат од светот“

Москва ги нарече „непријателски“ земјите што испраќаат помош за Украина, но портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков кажа дека тоа е преблаг термин, бидејќи тие „водат хибридна војна против Русија“.

Она што се случува сега, со што се соочуваме е хибридна војна. Ова не е оркестрирано само на САД и Велика Британија, кои им кажуваат на украинските националисти што да прават и им даваат разузнавачки информации“, кажа Песков, повторувајќи ја недокажаната теорија на заговор дека британските офицери им помагаат на Украинците на теренот.

Не. Ова е дипломатска и политичка војна. Тие се обидуваат да не изолираат од светот. Ова е економска војна. Вистина е дека благо ги нарекуваме непријателски држави, но тие се агресивни, бидејќи тоа што го прават е војна“, изјави портпаролот на Владимир Путин, објави медумската агенција ТАСС.

Тој тврдеше дека поради тоа „имотните права престанале да бидат свети“. „Ни ги земаа националните фондови, ги конфискуваа, ги блокираа. Со други зборови, нашите средства во долари и евра се замрзнати. Всушност, тоа е украдено, се обидуваат да го украдат, но ние ќе се бориме за тоа“, изјави Песков, додавајќи дека ова е само еден од многуте примери на агресија.

Зборувајќи за иницијативата на некои западни земји запленетиот руски имот да се искористи за обнова на Украина, Песков кажа дека тоа би било „незаконско“ и дека ќе бара „пропорционален одговор“.

Песков кажа дека „успесите на руската армија“ покажуваат дека „нема сомневање дека ќе се постигнат сите поставени цели“. Освен тоа, според Moscow Times, Песков изјавил дека Владимир Путинзнае каде ја води нашата земја“. „Секоја војна завршува со мир и во овој мир нашите гласови ќе бидат слушнати“, нагласил тој.

На прашањето на учесниците на конференцијата дали руските власти ќе го одблокираат Инстаграм во земјата, исклучително популарна социјална мрежа меѓу младите Руси, Песков одговори: „Искрено, не би ја исклучил таа можност“.

Тој се осврна и на евакуацијата на украинските борци од фабриката за челик Азовстал во Мариупол кои се предадоа. Песков кажа дека ќе ги третира според „меѓународните стандарди“ и дека Владимир Путин го гарантирал тоа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!