Вие имате прво да ја знаете вистината

Лавров презентира нова реторика: “Влезот на Шведска и Финска во НАТО веројатно нема да промени ништо значително!“

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави во вторникот дека влезот на Финска и Шведска во НАТО најверојатно нема да промени нешто значително бидејќи двете земји долго време се вклучени во воените вежби на Алијансата.

Финска и Шведска, како и други неутрални земји, учествуваат во воените вежби на НАТО веќе долги години“, изјави Лавров.

НАТО ја зема предвид нивната територија кога планира воено напредување на исток. Така што веројатно нема многу разлика во тој поглед. Ајде да видиме како нивната територија се користи во пракса во Северноатлантската алијанса“, додаде првиот човек на руската дипломатија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!