Фудбалерите на Ливерпул славеа во претпоследното коло од англиската Премиер лига на гостувањето во Саутемптон со резултат 2:1.
Саутемптон поведе во 13. минута кога Нејтан Редмонд го совлада Алисон Бекер, но Такуми Минамино погоди за 1-1 во 27. минута и тоа беше резултатот со кој екипите заминаа на одмор.
Победата за Ливерпул ја донесе Жоел Матип во 67. минута, а одлуката за англискиот шампион ќе падне во последното коло кое се игра во недела на 22. мај.
Манчестер Сити има бод повеќе, а титулата би ја обезбедила и победата над Астон Вила. Од друга страна, единствен начин Ливерпул да ја освои титулата е да го победи Вулверхемптон, а не Сити да слави.
Резултат и стрелци:
Саутемптон – Ливерпул 1: 2 (Редмонд13 ‘- Минамино 27′, Матип 67’)