Вие имате прво да ја знаете вистината

НАТО ОДГОВОРИ НА СТАВОТ НА ЕРДОГАН – “Султанот“ упати остро НЕ за Шведска и Финска но му пристигна НЕОЧЕКУВАН одговор!

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ги повика турските власти јасно да се изјаснат и да го заземат својот став за влезот на Финска и Шведска во одбранбениот сојуз со доза на резерва.

Турција е важен сојузник и треба да се решат сите безбедносни прашања“, напиша Столтенберг во објава на социјалната мрежа Твитер по средбата со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Мора да бидеме обединети во овој историски момент. Турција изрази одредена загриженост и, како што секогаш правиме во НАТО, седиме на маса кога тие ќе се појават. Сигурен сум дека можеме да најдеме заеднички јазик и консензус како да постапиме по прашањето за членството“, изјави Столтенберг.

Се надевам дека ќе можеме да постигнеме брз напредок доколку Финска и Шведска се пријават за членство. Турција јасно стави до знаење дека нејзината намера не е да го спречи членството. Затоа, убеден сум дека можеме да ги решиме проблемите што ги изрази Турција, на начин што нема да го одложи пристапниот процес“, додаде Столтенберг.

Јенс Столтенберг

Шведска и Финска најавија дека за неколку дена ќе аплицираат за членство во НАТО, а на тоа ги охрабри и промената на геополитичката клима во Европа по почетокот на војната во Украина.

Турција не може да каже ‘Да’ за членството на Финска и Шведска во НАТО, без навреда, тоа е невозможно“, изјави претходно турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган,.

Тој повтори дека двете земји ги поддржуваат „терористичките организации“, вклучително и забранетата Курдска работничка партија (ПКК) во Турција.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!