Вие имате прво да ја знаете вистината

НАЈГОЛЕМИОТ НАПАД НА РЕГИОНОТ ЛАВОВ: Руски ракети погодија цели во радиус од 20 километри од границата со ЕУ!

Градот Лавов во западна Украина го потресоа многу силни експлозии. Новинарите на Associated Press наведоа осум експлозии веднаш по полноќ по локално време.

Инаку, во Лавов, кој се наоѓа во близина на полската граница, e воспоставен полициски час кој започнува во 23:00 часот и е на сила до 06:00 часот.

Според прелиминарните информации функционирала против-воздушната одбрана“, напиша во објава на социјалната мрежа Телеграм гувернерот Макисим Козицкиј.

Градоначалникот на ЛавовАндриј Садови, на социјалната мрежа Фејсбук објави дополнителни информации за нападот на регионот околку градот Лавов односно на пругата на западот на Украина.

Во едно од селата во областа Јаворив, ракетна несреќа делумно ја оштети железничката инфраструктура. Летаа прозорците на околните куќи, а се се случуваше во зоната од 20 километри од границата со Европската унија. Ова беше навистина еден од најголемите напади врз регионот Лавов во однос на бројот на проектили. Тешко е да се предвиди што ќе се случи следно. Одете во засолништето!

Тој исто така ги повика граѓаните да не објавуваат клучни информации јавно на социјалните мрежи.

Не снимајте ракетни летови или операции за воздушна одбрана. Ваквите видео снимки и помагаат на Москва. Не биди како Русите, ве молам“, предупреди тој.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!