Вие имате прво да ја знаете вистината

НАЈМАЛКУ ДЕСЕТ ЗАГИНАТИ ВО РУСКИТЕ НАПАДИ НА СЕВЕРОДОНЕЦК – “Оние што не избегаа нека останат во засолништа!“

Најмалку десет лица загинаа во руските бомбардирања на градот Северодонецк во источна Украина, кој е речиси целосно опколен од руските вооружени сили, објави во понеделникот гувернерот на регионот.

Најмалку десет луѓе загинаа. Моментално е исклучително тешко да се провери ситуацијата на терен поради новите бомбардирања“, соопшти Серхи Гаидаи во објава на социјалната мрежа Телеграм, повикувајќи ги жителите кои не се евакуирани да останат во засолништата.

Во претходната објава во понеделникот, Гаидаи предупреди дека артилериските напади врз Северодонецк и блискиот град Лисичанк предизвикале пожари во станбени области.

Северодонецк претрпе тешки удари“, додаде тој, објавувајќи фотографии од уништувањето.

Градоначалникот на СеверодонецкОлександр Стрјук, на 6. мај објави дека градот е речиси целосно опколен од руските вооружени сили и проруските сепаратистички сили од Донбас.

Според него, 15.000 од 100.000 жители на градот пред инвазијата сè уште биле во Северодонецк.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!